Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека изјавите на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Каја Калас за поддршката за Украина се „жалосни и безвредни“.
„Оваа декларација за поддршка е тажен доказ за лошото управување на Брисел“, рече тој во објавата на платформата Х, коментирајќи ја изјавата објавена од таканаречената Вајмарска група, составена од ЕУ, Франција, Германија, Полска, Италија, Шпанија и Велика Британија, за поддршка на територијалниот интегритет и независност на Украина.
Според бриселската „Политика“, Орбан не е импресиониран од ставовите изнесени во изјавата, во која се наведува дека овие земји се подготвени да ја зголемат поддршката за Украина додека не се постигне траен мир.