Ормутскиот теснец затворен: Иранската револуционерна гарда се заканува дека ќе ги запали бродовите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иран го затвори Ормускиот теснец, соопшти Револуционерната гарда на земјата, според иранските државни медиуми.

Командантот на Револуционерната гарда рече дека клучниот пат е затворен и дека иранската војска ќе го запали секој брод што ќе се обиде да помине низ него.

Ормускиот теснец се смета за најважната рута за извоз на нафта во светот и е контролиран од Иран. Околу една петтина од светската нафта поминува низ теснецот, кој ги поврзува најголемите производители на нафта во Заливот со Оманскиот Залив и Арапското Море.