Оштетен голем дел од болницата во Сисак по земјотресот, пациенти се носат во Загреб

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем дел од болницата во Сисак е оштетена од земјотресот во Петриња.

Освен зградата на Гинекологија, другите се или срушени, или испукани од земјотресот кој се случи во Петриња.

Болницата не може повеќе да прима пациенти, а оние најкритичните се носат во Загреб. Исто така виден е хеликоптер кој што превезувал пациенти.

Болницата во Сисак не е во ситуација да прима нови пациенти. Во Сисак пристигна и министерот за здравство, Вили Берош кој кажа дека во моментов е проблем само превозот, но дека е вклучена и војската.

Во Сисак дошле и 20-тина повредени од Петриња, од кои двајца се во тешка состојба.