Оштетени античките гробишта во Скопје – искршени плочи и небрижност при работа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вака изгледа археолошкиот локалитет каде е пронајдена плочата со натпис „дарданиус“.

На античките гробишта има многу ѓубре, како што се пластични шишиња, цигари и друго.

Ова е череп, а на места има расфрлани коски.

Плочите на гробиштата се оштетени, некои искршени на парчиња.

Некои се превртени наопаку.

Во овој куп нечистотија има многу епитафи.

Дури и самите раководители на културните институции признаваат дека во локалитетот каде што има артефакти има негрижа.

– Дали има невнимание при работа?

Аријан Асланај: Да, има невнимание при работа.

-Дали има скршен саркофаг?

Аријан Асланај: Да, има невнимание при работа. Да, има. За невниманието одговорен е Центарот за конзервација на Скопје.

„Утврдивте дека има неправилности во работата, дека има оштетени остатоци, дека има расфрлани коски и скршени саркофази, заедно сме тука и не можеме да ја гледаме реалноста со различни очи. Ние сме тука да гарантираме како институции дека отсега за оваа работа ќе има посебна грижа, ќе се зголеми и бројот на археолози и вработени, малку подобро ќе се координираме како институции и ќе видиме како ќе продолжи оваа работа до крај“, вели Ваљмир Азири.

Во овој локалитет има многу антички артефакти, а една од нив беше плочата со натписот Дарданиус, која веќе е преместена на археолошкиот локалитет „Скупи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: