По завршување на археолошките истражувања, овие саркофази и плочи со епитафи, може да не бидат тука туку да се префрлат низ музеите или други локации.
По расчистување и завршување на работите од Центарот за конзервација, сопственикот или инвеститорот има право да гради. Ова го тврди и самиот директор за заштита на културното наследство, додавајќи дека изградбата би се стопирала само доколку се најде недвижно културно наследство.
¬Што може да ја прекине изградбата на објектот што е предвиден овде?
„Во овие делови, археолошки локалитети, ако наидеме на темели на некоја базилика или на која било археолошка област, како куќи, разни мурали, тогаш работата автоматски се прекинува, но некрополите, гробиштата во 99% од случаите се чистат и не може да биде блокада за градба“, вели Аријан Асланај.
По четири дена од отворањето на случајот за овој локалитет, денеска на терен излегоа државни функционери. Тука дојде првиот вицепремиер Артан Груби заедно со државниот секретар на Министерството за култура.
Груби изјави дека се уредни дозволите и документацијата за градежни работи на инвеститорот.
„Инвеститорот ни ја објасни целата процедура и дозволите што ги добил од надлежните институции кои се присутни овде, во кој случај и секторот за урбанизам го покани инвеститорот да ги презентира сите документи доколку ги добил соодветните дозволи, да се направи изградбата на овој објект. По разгледувањето на целата документација се проценува дека инвеститорот ги завршил сите процедури и добил дозвола од Конзерваторскиот центар и сите артефакти пронајдени овде ќе бидат испратени во музејот на Скопје, Конзерваторскиот центар кој всушност ја врши работата овде, а не инвеститорот“, вели Артан Груби.
Иако вчера работите беа прекинати од Градежниот инспекторат, од таму денеска не информираа дека ја виделе документацијата и дека се е во ред за археолошките работи да продолжат.
Инаку, според Урбанистичкиот план, тука е предвидено да се изгради трговски објект.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Плочата со натпис „Дарданус“ оштетена – Асланај: По два дена плочата ќе биде испратена во државниот музеј
- Отстранета плочката со натписот “Дарданус”. Ќе се изгради зградата!
- По сторијата на ТВ21, градежниот инспекторат ги запре ископувањата – поставена жолта лента
