Османи: Бугарија јасно искажа дека не ги спори идентитетски атрибути на народите кои што живеат во С. Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во „10 Минути“ на ТВ21 рече дека постигнувањето во изминатите четири месеци, иако немало конечно решение, бил фактот што Република Бугарија многу јасно искажала дека не спори идентитетски атрибути на народите кои што живеат во Северна Македонија.

Тој вели тоа е добар почеток за создавање на доверба.

„Ние почнуваме од таа одредба, односно од тој јасен став на бугарските власти дека воопшто не спорат идентитетски атрибути како што е јазикот и етничката припадност на граѓаните коишто живеат овде. Продолжуваме да разговараме во рамки на тоа што го предвидува Договорот, а тоа е да се разглобува историјата во контекст на образование, односно историјата во функција на образованието а не историја во функција на идентитетот“, посочува Османи.

Смета дека клучната забуна која доведува до оваа ситуација е таа нејасна дистинкција, дека историските комисии не разговараат за историјата со цел да се одреди идентитетот, туку да може да се елиминираат стереотипите од минатото кој што се создадени во различни историски контексти и под различни интереси, а којшто ги прават народите да се непријатели.

Според него, проблемот произлегува од не јасното разграничување што е целта на разговорите за историските прашања.

„Доколку се водиме по начелото на Договорот за добрососедство кој што предвидува историја да се разгледа во контекст на иднината, во контекст на образованието, учебниците, стериотипите, мислам дека тоа е правиот пат што треба да одиме. Ако прашањата на историјата се разгледуваат во контекст на дефинирање на идентитетот и идентитетските атрибути на народите и граѓаните кои што живеат овде тоа е слепа улица која нема да води кон решение“, додава Османи.