Османи: Бугарските претставници треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утринава на својот Фејсбук профил се огласи околу реакциите за односот и правата на бугарската заедница во Северна Македонија.

Тој вели дека овие реакции прво биле пласирани како мислење и став на одредени граѓански асоцијации, а потоа биле посочени како проблем и од одредени официјални претставници на Република Бугарија.

„Дозволете да истакнам: Република Северна Македонија има исклучително успешен модел на мултиетничко општество. Покрај колективните права на поголемите заедници, постојат функционални механизми за заштита и на помалите етнички заедници. Во ова смисла никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница во земјава, и нивната посебност; напротив, граѓанските организации треба да бидат охрабрени да соработуваат со властите и да бидат внесени во сите механизми за остварување на своите колективните права. Уште веднаш, претставниците на овие здруженија треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот, со цел утврдување на квантитативната, демографската и географска дистрибуција на оваа засебна заедница, што би придонело значајно при формирањето на идните политики и на Владата, и на соодветните единици на локалната самоуправа и воопшто на државата“, порачува Османи.