Османи до Мицкоски: Вратите на Министерството се отворени за опозицијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи му одговари на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој пак рече дека ниту Заев, ниту Османи не го информираат за преговарачкиот процес со Бугарија.

– Уште на почетокот на мојот мандат реков дека МНР е отворено за опозициските партии за било каква информација поврзана со работата на Министерството, рече Османи во писмен одговор за ТВ21.

Меѓутоа не добивме одговор на потпрашањето – дали го информирал Мицкоски за преговорите со Софија?

Во контра-одговор до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој во „Клик Плус“ рече дека Мицкоски е доста поактивен во изнаоѓање решение со Бугарија, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ во текот на денешниот протест, за ТВ21 рече дека не знае како да се вклучи во процесот, бидејќи ниту министерот Османи, ниту премиерот Заев не го известуваат околу преговорите. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во знак на протест за, како што велат, тајните преговори, блокираа неколку крстосници во Скопје и во други градови.