Вицепремиерот за европски прашања и портпарол на ДУИ Бујар Османи денеска на прес-конференција рече дека неговата партија е заштитник на договорите со Грција и со Бугарија, како и на Рамковниот договор.
„Сега сме фокусирани да им презентираме на граѓаните што нудиме, а не на коалиции“, изјави Османи, обвинувајќи дека постоеле непринципелни коалиции за одржување на политичката сцена, и додавајќи дека ДУИ има остварено најмногу досега.
„ДУИ е партија која има најмногу остварено од својата програма. Очекуваме најголема победа досега“, изјави Османи.
За кршењето на двојазичните табли низ земјава, посочи дека доколку општината покрива најмногу една општина во која се зборува јазик согласно Законот, тогаш треба да има двојазична табла. Во Велес тоа е Чашка, а во Прилеп – Долнени.
