Османи ги „демонтира лагите“ за францускиот предлог – македонскиот јазик ќе биде службен во Европската Унија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со оваа реченица шефот на дипломатијата Бујар Османи ја почна денешната средба со новинарите на која ги отфрли сите вчерашни обвинувања од опозицијата и аналитичарите – дека со францускиот предлог ќе трпат македонскиот јазик и идентитет.

На почетокот увери дека во ЕУ јазикот ќе биде македонски. Ќе има само еднострана изјава на Бугарија за нејзиниот став околу прашањето за јазикот, но не во преговарачката рамка, туку во записниците  – дека нема да има никакви правни импликации за употребата на јазикот.

Османи ги отфрли и наводите дека историските и билатералните македонско-бугарски прашања се вметнати во францускиот предлог – различно од кои било други предлози. Ја спореди германската рамка, која, како што рече,  не била оспорена никогаш, како и сегашната – француска. Всушност, според Османи, договорите секогаш биле во секоја варијанта на рамката, откога постојат преговорите меѓу нас и ЕУ.

Се осврна и на прашањето за отворање на преговорите и вметнувањето на Бугарите во Уставот.

Предлогот е добар кој ни го отвора патот да го фатиме последниот воз кон ЕУ, рече Османи, воедно предупредувајќи и на последици доколку Северна Македонија ја пропушти шансата.