Османи и Димитров во Франција – на средба со советникот на Макрон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, отпатуваа во Франција. Се сретнаа со претседателката на Комисијата за надворешна политика во Националното собрание, Мариел де Сарнез, и со Клеман Бон, дипломатски советник за Европа на Претседателот Емануел Макрон.

„Охрабрувачка и пријателска посета во Париз на средби од високо ниво во Палатата на Министерството за надворешни работи, која ги отсликува пријателските односи меѓу Северна Македонија и Франција, како и поддршката за евроинтеграциските процеси“, истакна Бујар Османи.

Шефот на дипломатијата пак, Никола Димитров порача дека сега е моментот за усвојување на Законот за Јавно обвинителство, со цел да се добие позитивен извештај за напредок.

Оливер Вархеи на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур истакна дека ЕУ треба да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, бидејќи како што вели, двете земји ги исполните условите. Според него, проширувањето на Западен Балкан може да биде успешно само доколку ЕУ го исполни ветеното, за што пак, како што вели, е неопходен побрз и подинамичен процес.