Министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференција денеска истакна дека во дијалогот со Бугарија, емоциите ќе бидат заменети со рационален пристап.
„Чувството беше дека во првата фаза дијалогот помеѓу нас и Бугарија беше премногу емоционален, со премногу емоции во него, сметавме дека треба да го смениме пристапот во однос на овој дијалог, да воспоставиме повеќе рационален пристап во овие разговори и продолжување на комуникацијата во темите за кои имаме повеќе разбирање“, рече Османи, по денешното потпишување на договорот за соработка со Западна Рајна Вествалија.
Османи додаде дека со финализирањето на акцискиот план ќе може да свика нова седница на меѓувладина конференција која произлегува од Договорот за добрососедство од 2017 година.
„Имавме размени во дефинирање на тој акциски план и сметам дека сме при крај за дефинирање на тој план“, вели Османи.
