Бујар Османи на денешната прес конференција по новинарско прашање, околу вчерашната изјава на Зоран Заев на лидерското соочување за тоа дека е спремен да даде или побара пратеници за формирање на Влада, истакна дека Зоран Заев и Христијан Мицкоски стануваат промотори на идејата прв премиер Албанец, а со секое нивно спротиставување и едноставно вадење на маските пред граѓаните, Албанците се повеќе се здружуваат кон оваа идеја.
„Ова е само изборен говор, кој што нема никакво значење затоа што граѓаните знаат дека кога ДУИ и Албанците ќе се здружат во една идеја, нема сила која може тоа да го спречи“, порача Османи.
