Во разговорите со Бугарија, емоциите да се остават настрана, бидејќи во првата фаза од дијалог имаше премногу, изјави шефот на дипломатијата, Бујар Османи. Како што вели, откако ќе се финализира Акциониот план за спроведување на Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија, ќе може да се утврди датумот за Меѓувладината конференција
Бугарската министерка за надворешни работи пак, Екатерина Захариева, во интервју за зум.мк, рече дека Бугарија не го оспорува македонскиот идентитет, туку само бара да се спроведе Договорот за добрососедство.
-Не е вистина дека го оспоруваме вашиот идентитет. Тоа е лага. Многупати сме го кажувале и вашите политичари го знаат тоа. Но, некако полесно е да се претстави пред вашата јавност и пред европските политичари дека Бугарија го оспорува идентитетот. Мислам дека тоа прашање е решено, со актот на признавањето на вашата независност од страна на Бугарија-рече Захариева.
На 17-ти ноември, на министерката средба на земјите-членки на ЕУ, Бугарија стави вето на преговарачката рамка на Северна Македонија за старт на пристапните преговори. Во тоа време, Захариева, изјави дека „за држава, заснована врз непријателска идеологија кон Бугарија, нема место во ЕУ“.
