Османи: Не влегувам во интенцијата на пораките од Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Тој вели дека нема да навлегува во интенцијата на пораките од Русија.

„Ќе има вакви обиди и понатаму. Ќе има обиди за манипулации со чувствата на граѓаните, но не навлегувам во интенцијата на пораката од Русија“, истакна Османи.

Министерот за надворешни работи порача дека нема дилеми за тоа дали нашиот пат е со Русија или ЕУ, НАТО и САД.

„Фактот што ние сме дел од НАТО Алијансата, ние не можеме да бидеме неутрално политички определена земја. Ние споделуваме исти вредности со земјите членки на НАТО, и тука нема дилема. Да сте дел од Алијансата, не значи дека вие треба да молчите, туку да бидете активни во дискусија, да верувате, да ги промовирате вредностите на еуроатланската заедница“, посочи Османи.

Македонското МНР во вторникот соопшти дека, согласно член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, еден дипломат на Руската амбасада во Скопје е прогласен за непожелна личност во Северна Македонија.