Османи: Патот на Македонија за ЕУ поминува низ Софија – „Ние можеме да сонуваме дека без Бугарија можеме да успееме“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click plus“ на ТВ21 каде разговараме и за патот на Македонија кон ЕУ.

Османи вели дека патот на Македонија кон Европската Унија поминува низ Софија.

„Така е. Вистина е. Одлуката се носи со консензус. Без одобрување на Бугарија не може да има одлука. Ние можеме само да сонуваме дека оваа одлука ќе биде донесена без одобрувањето на Бугарија. Тоа не може да се случи и затоа се залагаме да ги убедиме пријателите од бугарската страна дека Договорот кој го изградивме има добра основа за градење на нашите односи и за надминување на разликите. Тие имаат потреба од дополнителна гаранција дека ние нема да бегаме од договорот“, рече Османи.