Османи: „Српски свет“ не помага за нормализирање на односите на Балканот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 разговараше за опасноста која и се закани на земјата со обидот за рушење на Владата.

За Османи тоа ќе беше чекор кон дестабилизација на земјата.

Министерот верува, иако нема аргументи дека за обидот за рушење на Владата стојат и други надворешни деструктивни сили, без да каже конкретно на кои земји мисли.

Османи напомена дека се отворени за соработка со сите партии кои се за ЕУ перспектива за земјата, освен Левица, за кои смета дека соработката со нив е неприфатлива.

Тој зборуваше и за идеја „српски свет“, каде рече дека тоа не е добра идеја.

„Тоа не води кон нормализирање на односите меѓу народите на Балканот. А нормализацијата на односите е повеќе од потребна, за да целиот регион чекори заедно напред кон ЕУ“, вели Османи.

Тој смета дека тоа е наратив пред изборите во Србија, а напомена и дека ќе има истрага за тоа дали финансиски средства од надвор се употребени во изборната кампања во Северна Македонија.