Османи: Уставните измени не се трагедија, Мицкоски „фатен“ пред канцелариите на ЕУ во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уставните измени не значат трагедија за државата, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи, со надеж дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги остави настрана партиските интереси, ќе се одрази и ќе стане дел од овие промени. Во „Клик плус“, министерот Османи, меѓу другото, објасни дека Бугарите се веќе во Уставот, додека се што треба да се направи е да бидат именувани.

„Во преамбулата на Уставот се спомнуваат сите 7 етнички заедници и уште 10 други. Со одлука на Уставниот суд за анализирање на тоа кои се тие други ќе излезе дека сите тие што се изброени во Уставот се други, значи и Бугарите веќе се дел од Уставот под други. Ние сега само треба да формализираме нешто што постои, значи толкав е ефектот на овие уставни измени.“, рече Османи.

Османи додаде дека кога ќе се разбере дека прашањето за уставните измени е само техничко, ќе се одрази и на тие што се против овој процес. Но, портпаролката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, рече дека ставот на партијата е конзистентен и непроменет. Се вели дека оваа партија нема да гласа за уставните измени.

Сепак, вчера на неколку портали кружеше фотографија од првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој беше фотографиран како влегува во канцелариите на Информативниот центар на Европската унија во земјава. Се пишува дека оваа средба наводно била за разговор за процесот на уставни измени. Европскиот амбасадор во земјава Дејвид Гир, без да открие за што се разговарало, само рече дека има редовни контакти со сите партии во земјава.

„Прашањето за уставните измени е независна одлука која треба да ја донесе државата. Зборуваме за сите релевантни прашања и сите засегнати странки, но уште еднаш сакам да не навлегувам во поединечни детали за разговорите кои ги имаме со лидерите или со други членови на политичките партии, доволно е да кажам дека сакаме да ја видиме оваа држава како се движи брзо кон ЕУ.“, рече Гир.

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, најави дека во претстојниот период Владата ќе формира работна група каде ќе се дебатира за уставните измени, група во која нема да учествува ВМРО-ДПМНЕ.