„Сѐ уште верувам дека имаме шанси да ги стартуваме преговорите со Европската унија на јунскиот самит“.
Ова во вечерашниот дебатен магазин „Click Plus“ на ТВ21 го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
„Мислам дека треба да му дадеме шанса на процесот. Имаме уште неколку недели за да ја „зграпчиме“ можноста“, додаде Османи.
Тој меѓу другото рече дека во моментов доволно е бугарската техничка Влада да не каже „не“.
„Техничката Влада нема потреба од Парламент. Доволно е претставникот на Бугарија да не каже „не““, заклучи шефот на дипломатијата.
