Османи за ТВ21: Не постои Анекс со 12 точки – „Изјавата на Каракачанов е предизборен маркетинг“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Не постои никаков Анекс на Договорот со 12 точки кои што го спомнува бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, тврди за ТВ21 министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој вели дека од официјална Софија очекуваат одговор за Акцискиот план кој што и испратен во Бугарија уште во ноември минатата година, но друг документ не постои. Османи вели дека изјавата на Каракачанов ја гледа како предизборна реторика.

„Не постои таков документ, постојат бројни документи кои што се разменети во овие 4 месеци кои што во јавноста сме ја информирале а кои што се однесуваат на прашањата за кои што двете држави имаат одредени загрижености и кои сме ги размениле со цел да најдеме решение. Јас во принцип немам намера да одговарам на сите ставови што бугарските политичари ќе ги кажат во овој период затоа што и тие се во една предизборна атмосфера и не сакаме да бидеме дел од таа предизборна комуникација, туку ќе комуницираме официјално преку двете министерства“, посочи Бујар Османи.

Во истовреме, специјалниот претставник Владо Бучковски е во посета на Бугарија во нов обид да се поместат од мртвата точка прашањата што ги спори официјална Софија. Засега се уште е нејасно до каде спорот кои Бугарија ги отвори за идентитетските прашања. Османи вели дека тоа ќе се разговара на ниво на министерства, а Бучковски деновиве преку разговори ќе се обиде да ја врати довербата преку унапредување на Акцискиот план за исполнување на Договорот со Бугарија.

„Инфраструктурните проекти мора да продолжат, соработката во културата во образованието и во другите сектори и сите тие се содржани во ден Акциски план кој што господинот Бучковски треба да ги следи на дневна основа дали министерствата комуницирале, ги размениле документите, дали е реализирано и тоа ќе го направи преку многу чести посети во наредниот период додека во комуникацијата по однос на клучните прашања, се разбира ќе биде помеѓу двете министерства, помеѓу двете влади за кои што се надеваме ќе има брзо решение“, вели Бујар Османи.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Владата води тајни преговори  со Бугарија. Оттаму прашуваат до кога на некои тајни маси ќе се разговара за македонскиот идентитет  и јазик.