Институтот за јавно здравје во Црна Гора објави дека нема нов случај на коронавирус, од направени 243 тестови во изминатите 24 часа.
Тоа значи дека во последните осум дена во Црна Гора не е забележан ниту еден случај на Ковид-19. Оваа земја беше последна во Европа која регистрираше случај на заразен со коронавирус.
Во Црна Гора оздравени се 298 лица, а има само 17 активни случаи на вирусот. Од почетокот на пандемијата починале девет лица.
