Осомничениот напаѓач планирал да ги запали просториите на „Шарли ебдо“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Пакистанецот, обвинет за повредување на две лица со нож пред поранешните простории на „Шарли ебдо“, не знаел дека францускиот сатиричен магазин ги сменил канцелариите и сакал да ги запали, изјави денеска парискиот обвинител Жан-Франсоа Рикар.

Тој додаде дека осомничениот носел три шишиња запалива течност и избодел две лица претпоставувајќи дека се вработени во „Шарли ебдо“.

Според Рикар, осомничениот дејствувал под лажен идентитет и утврдено е дека има 25, а не 18 години, како што изјавил претходно.

Парискиот обвинител наведе и дека во телефонот на осомничениот пронајдено е триминутно видео на урду јазикот, во кој тој го најавува својот план: „Овде во Франција тие прават карикатури за нашиот чист и голем пророк Мухамед. Денеска… ќе се побунам против ова“.