Вклучување во петтиот пакет економски мерки, протоколи за работа, приоритет за вакцинирање, регулирање на работниот однос се дел од барањата на членовите на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници од Министерството за економија.
-Нашите барања беа да бидеме вклучени во петтиот пакет мерки, но и во понатамошните пакети доколку Владата одлучи во следниот период. Побаравме одговор според кои критериуми бевме исклучени од петтиот пакет. Од нашето ресорно министерство побаравме да се регулира статусот на туристичките водичи, пенсизското и здравственото осигурување односно работниот однос-вели Еливер Садиковиќ, потпретседател на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници.
Оствариле средба со претставници од ресорното министерство, со координаторите на пратеничките групи за да биде поставено како прашање во парламент и очекуваат да превземат мерки да не дојде до згаснување на професијата.
-Секоја група која доаѓа да престојува во земјава, било да е организирана од наши домашни туристички агенции или странски тур-оператори, ние сме тие кои први воспоставуваме контакт со нив. Така што првите впечатоцим првите импресиси за нашата држава за културно-историското, природното богатство на земјава, го добиваат преку нас.-вели Садиковиќ.
Туристички водич е мошне специфична професија, бидејќи се гради и надградува низ годините и како што велат, објаснува Садиковиќ, е од јавен интерес за државата. Туристичките водичи се : полиглоти, културни амбасадори, треба да имаат познавање од психологија, географија, историја, политика, економија, да имаат комуникациски вештини, а пред се треба да знаат да пренесат приказна.
