Оставки од министрите на Беса, остануваат уште директорите – Хоџа: За нив ќе се одлучува следната недела

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министри и двајца заменик министри од Движење Беса отидоа во влада за да ја достават нивната оставка. Но освен нив, Беса има и неколку директорски позиции. На прашањето дали сите ќе поднесат оставка, Арјанит Хоџа   рече дека за тоа ќе се одлучува следната недела.

„Апсолутно, органите на партијата ќе треба следната недела да дадат став како ќе се постапи. Ова не е мој личен став, туку на партијата.  Се што се случи во овој процес беше став усогласен каде учествуваше дел од тесното раководство  и сите пратеници“, посочи Арјанит Хоџа.

Хоџа додаде дека ваквата одлука за оставки е последица на погазувањето на демократијата во земјава на локалните избори и  последните случувања.

„Јас си давам оставка од позицијата министер, заедно со двајца заменик министри во владата,  бидејќи не можеме да го идентификуваме нашето политичко дејствување  на Движење Беса со еден коалиционен партнер кој се гледа јасно дека користи недемократски постапки  со единствена цел да остане на власт“, додаде Арјанит Хоџа.

Заедно со министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, оставка си поднесоа и заменик министерот за култура, Седат Сулејмани и заменик министерот за образование Арафат Шабани.