Најмалку осум лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати по ненадејните поплави и лизгање на земјиштето што ја погодија покраината Диен Биен во северен Виетнам во последните денови, соопштија официјални лица.
Според Виетнамската служба за управување со катастрофи, околу 60 куќи биле оштетени или уништени до утрово, додека 30 села останале целосно изолирани поради прекини во сообраќајот, објави Синхуа.
Речиси 700 припадници на армијата, полицијата, локалната милиција и волонтерски организации се вклучени во потрагата по исчезнатите.
