Депонијата во селото Добарце во општина Желино гори веќе осум месеци. Нејзиното целосно гаснење досега беше невозможно за властите.
Градоначалникот на општина Желино вели дека овој проблем ја чинела општината над 50.000 евра.
Сè уште не се знае како е запалена депонијата, додека градоначалникот ја обвинува полицијата за непостапување.
„Почна чистењето, со одлука на општината, која ја донесов кога станав градоначалник, да престане да се фрла отпад овде. Потоа отворивме постапка за нов концесионер каде што се пријавија оние кои ги исполнуваа условите, но главен услов беше да не се фрла повеќе отпад овде, а тоа е она што се случува, отпадот на општина Желино се фрла во Русино. Како општина почнавме да ја чистиме оваа депонија, но поради врнежливото време работите се стопирани се додека не се подобри времето и чистењето ќе продолжи. Нашата полиција, не дај Боже да останете во рацете на полицијата на Групчин, затоа што ни за десет години не можат да го расветлат случајот, немаат печат, а камоли професионални наоди“, вели Блерим Сејдиу.
Од полицијата велат дека направиле истраги и работат на случајот за откривање на причините за пожарот.
„На 10.09.2023 година пријавен е пожар на депонија на влез во тетовското село Добарце. Преземени се мерки за расчистување и документирање на случајот“, велат од СВР Тетово.
Во септември оваа депонија беше зафатена од пожар. Пожарникарите на Тетово и Центарот за управување со кризи се обиделе да го изгаснат пожарот со авион, но не успеале.
Тогаш општина Желино ангажирала приватна фирма, но и таа не можела да го изгасне пожарот. Сега дивата депонија почна да се чисти, но сè уште не се знае колку тони отпад има во неа.
