Отиде со велосипед на хаџ, се врати со авион – аџија раскажува за искуствата на патот кон светото место

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ќамуран Хирда беше пречекан од внуците со транспарентот „Добредојде дедо наш“

Не изостанаа прегратките. Не се виделе три месеци.

На 1 април, Хирда замина со велосипед на Аџилак, а денеска се врати со авион.

Раскажа за предизвиците со кои се соочил по пат. Вели дека низ „Мртвото море“ не било лесно бидејќи немало доволно вода за пиење. Сепак, тој е среќен што Господ  му овозможи да ја исполни својата верска обврска.

„Тешкотиите започнаа од Мртвото Море, каде што немаше ништо друго освен топлина, сувост, без вода, без храна, без хотели, како и многу ретките населби кои малку го отежнуваа патот“, вели Ќамуран Хирда.

Патувал со авион над Сирија само поради војните.

„Тргнав од Скопје, Бугарија, Турција, само со авион ја поминав Сирија затоа што границата беше затворена и знаеме поради војните“, вели Хирда.

Што се однесува до причината за враќањето со авион, а не со велосипед, рече дека семејството го изненадило со тоа што ја испратил сопругата на аџилак која не сакал да ја остави сама да се врати во Скопје.

За неговиот пријател Адем Ајич, со кој замина пред 3 месеци, ни кажа дека штом го завршиле хаџот се вратил во Босна и Херцеговина.