Отповикана тендерската комисија за Коридорот 8 – Мицкоски: Требаше да урнеме 30 куќи во Крива Паланка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата ги отповика сите членови на комисијата кои имаа задача да ја изберат градежната компанија и да изврши надзор над истата, во однос на третиот дел од коридорот 8 што ја поврзува железничката инфраструктура од Куманово до Бугарија.

Членовите на комисијата беа од Министерството за транспорт и ЈП „Железници“. Како што извести премиерот, заедно со комисијата ќе се укине и проектот бидејќи не е изводлив. А за овој неизводлив проект, како што се вели, граѓаните требаше да платат 500 милиони евра. Мицкоски не кажува за тоа кој му понудил мито за да го прифати постоечкиот проект.

И министерот за транспорт и врски, Александар Николовски пред неколку дена извести дека покрај тоа што не е изводлив, истиот е и многу скап. Еден километар требаше да чини 20 милиони евра.

Во рамките на третиот дел од коридорот 8, кој се однесува на автопатот во источниот дел на државата, Николоски претходно најави дека се очекува да биде пуштен во употреба до крајот на годинава, бидејќи веќе има автопат Скопје-Куманово. Во меѓувреме, се гради експресен пат од Куманово до Крива Паланка, а се очекува да биде готов до крајот на годинава. Паралелно со ова се работи и на проширување на патот од Крива Паланка до граничниот премин во Бугарија.