Отпуштени 5 вработени, ДУИ обвинува – Министерството за односи меѓу заедниците ги отфрла обвинувањата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Петмина вработени Албанци се отпуштени од Министерството за односи меѓу заедниците. За ова реагираше опозициската ДУИ, наведувајќи дека дисциплинската постапка е спроведена надвор од законските рокови и без доволно докази за индивидуална одговорност. Според нив, мерката за престанок на работниот однос е непропорционална и остава простор за сомнежи за арбитрарност во донесувањето одлуки. ДУИ во реакцијата бара:

Кога еден министер носи одлуки без да ги почитува законските рокови, без цврсти докази и со екстремни последици за граѓаните, според ДУИ, станува збор за арбитрарност.

Од Министерството за односи меѓу заедниците, раководено од Иван Стоилковиќ, возвратија на обвинувањата на интегративците, наведувајќи дека обидот оваа постапка да се прикаже како меѓуетничко или политичко прашање е целосно неоснован. Тие потенцираат дека министерството постапило во согласност со Уставот и законите, почитувајќи ги принципите на еднаквост и недискриминација.

„Не станува збор за дискриминација, ниту за селективни или политички мотивирани постапки, туку за законски донесени акти за престанок на работниот однос на административни службеници, поради утврдени прекршувања на работните правила, дисциплината и нарушување на угледот на Министерството, во согласност со важечките законски и подзаконски прописи“, велат од Министерството.

ТВ21 упати прашања до Министерството, со цел разјаснување на причините за отпуштањето на петтемина вработени и што ќе следува понатаму, но не добивме одговор.