Oтстранета од интернет апликацијата „Парлер“ поради „промовирање на насилни содржини“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Социјалната мрежа Парлер, која „промовира слобода на говор“, многу популарна меѓу приврзаниците на Доналд Трамп и американските десничари, беше отстранета од Интернет, откако Амазон и ги укина услугите за хостирање.

Клонот на Твитер, кој го привлече вниманието на јавноста како платформа за комуникација меѓу демонстрантите кои ги поддржуваат протестите против резултатите од претседателските избори во САД, претходно беше отстранета и од мобилнире апликации на Гугл и Епл.

Амазон го прекина хостингот на Парлер во понеделникот, со што мрежата исчезна од Интернет, додека услугата AWS на Амзон потврди дека повеќе нема да работи со мрежата, пишува британски Гардијан.

Во писмото до Парлер, Амазон вели дека „неодамна има постојан пораст на промовирање на насилна содржина на нивната платформа, што ги крши условите за користење“.

„Се чини дека Парлер сè уште се обидува да воспостави правила кога станува збор за модерирање на содржината. Отстранувате некои содржини кога ние или некој друг ве предупредуваме за тоа, но тоа не е секогаш итно“ – велат од Амазон во писмото, додавајќи дека извршниот директор на Парлер неодамна изјави дека „ниту тој ниту платформата не се одговорни за ништо од ова“. .

Амазон посочи дека повеќе не може да ги обезбедува своите услуги на клиент кој „не е во состојба ефикасно да идентификува и отстранува содржина што го охрабрува и поттикнува насилството врз другите“.

Парлер ја тужеше Амазон за суспендирање на нивната платформа. Извршниот директор на мрежата, Maтон Матзе, претходно испрати порака до корисниците во која ги информираше дека „постои можност Парлер да биде недостапен до една недела, сè додека не го изградиме од нула“, а во понеделникот, еден час пред да го отстрани од Амазон, тој објави дека веројатно ќе биде неактивен подолго од предвиденото“.