Отстранување на 20% од Уставот, ДУИ и АА очекуваат тоа да се случи кога ќе се отвори Уставот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Не се согласуваат за многу работи, но ДУИ и Алијанса за Албанците го делат ставот дека од Уставот треба да се избрише дефиницијата за Албанците како „20%“. Пратеничката од редовите на интегративците, Арта Биљали-Зендели е убедена дека Албанците на Пописот ќе излезат над 25% и дека по објавувањето на резултатите ќе дојде до промена на Уставот.


-Верувам дека ќе се постигне компромис доколку резултатите од Пописот бидат прифатливи, и ако имало некој кој го бојкотираше, тие нема да имаат тежина.
-Самата ВМРО…
-Сепак се попишаа. Повикуваа едно време, но потоа се попишаа. Мислам дека ќе се дојде до компромис бидејќи математиката е проста: 74 сме, СДСМ и пратениците Албанци, потребни се уште 6 пратеници. Мислам дека ќе се постигне компромис за да се промени ова. Не сакам да прејудицирам дали ќе има или не шверцување, но мислам дека најдобро за државата би било да се реши ова прашање и да не се нарекуваме како народ 20%, туку како Албанци, тоа што сме всушност, вели Зендели.

Аднан Незири од Алијанса за Албанците, изјави дека пописот е статистичка евиденција и дека како процес нема никаква врска со етничката припадност. Додава дека пописот во Македонија се политизира бидејќи и самиот Устав, како што рече, е политизиран.


-ДУИ треба да успее да иницира со СДСМ и заедно опозицијата и власта работат за овој пропуст кон Албанците да се исправи. Притисокот паѓа врз нас, албанските партии да го направиме тоа. При првото отворање на Уставот ние ќе извршиме притисок за да го постигнеме тоа, вели Незири.

Ако ВМРО-ДПМНЕ не прифати терминот „20%“ да се отстрани од Уставот, двајцата пратеници рекоа дека тоа би ги намалило изгледите за коалицирање во иднина меѓу ВМРО и албанските партии.