Отворен нов пункт за педијатрија во „Бит Пазар“: Услуги за деца до 14 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се овори нов пункт за педијатрија во поликлиниката „Бит Пазар“ каде ќе се третираат децата до 14 годишна возраст. Работното време ќе биде секој ден од 07:30 до 19:30 часот, а во недела ќе работи 24 часа. Додаде дека тимот е составен од еден лекар, медицинска сестра и лаборнат.

Овој пункт за прв пат се отвара од Здравствен дом. Со овој пункт верувам дека ќе им излеземе на пресрет на граѓаните, посебно на децата и клиниките, значи за да се направат прегледи за нашите деца, изјави Самир Исени, директор на Здравствен дом Скопје.

Министерот Таравари истакна дека тешките случаи нема да се третираат во Бит Пазар, туку ќе бидат испратени во Клиниката за педијатрија.

-Тука ќе се прават анализи, крвна слика, урина, ЦРП и доколку се констатира дека пациентот може тука да се лекува со интрамускуларна терапија, нешто што се препорачува за семејството на најмалите пациенти да ги земат дома, тогаш ќе се продолжи домашното лекување, додека доколку случајот е покомплициран, тогаш ќе бидат испратени во Клиниката за педијатрија, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.

Таравари најави дека вакви пунктови ќе се обидат да отворат и во другите скопски поликлиники.