Овој петок од 21 часот започна новото издание на Европското фудбалско првенство во Минхен.
На Алијанц Арената континенталното натпреварување го отворија репрезентациите на Германија и Шкотска, пред полни трибини.
Домашните навивачи очекувано беа на трибините во огромен број, но треба да се напомене и дека во Германија пристигнаа речиси 20.000 Шкоти.
Покрај спектакуларниот настап пред натпреварот и свеченото отворање, навивачите ги воодушеви уште еден детал, а се работи за маскотата.
Станува збор за маскотата на мечката која го носи името Алберт, а покрај тоа носи и дрес во боите на ова натпреварување.
Albärt is ready 🐻#EURO2024 | #GERSCO pic.twitter.com/QMQEjoUmXp
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) June 14, 2024
