Ова е состојбата на пожарите низ Македонија до 8 часот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Состојба со пожарите до 8.00 часот
Пожарот во атарот на делчевско е активен при што се појавиле нови жаришта и тоа едното кај с.Разловци, а другото кај с.Нов Истевник. Се превземаат активности за надминување на состојбата.
Според известувањето од ТППЕ Берово, сите пожари на беровска територијата се локализирани и ставени под контрола. Во текот на денот ќе се догасува на ризичните места.
БППЗ на град Скопје, со 5 пожарникари и 2 ПП возила, од 15:30 часот интервенираат на гасење на мешана шума во с.Раовиќ (опш.Сарај).
БППЗ на град Скопје, со 5 пожарникари и 2 ПП возила интервенираат на запалена дабова шума во с.Дивље и м.в.Крушје (опш.Петровец). Овој пожар беше и кај с.Џидимирци (опш.Велес), каде е локализиран.
Во општина Прилеп, пожарот во атарот на селата Дрен – Смолане во моментот е ставен под контрола. Во гаснењето на пожарот интервенирале ТППЕ Прилеп 9 пожарникари, Затвор Прилеп 12 лица, ДЗС Прилеп и Битола 13 лица, АРМ 20 припадници, Шумско Прилеп 6 лица и месно население 1 човек.
Од утринските часови на терен се ТППЕ Прилеп со 10 пожарникар со 2 ПП возила.
Пожар во атар на с.Жељувино и с.Дренок (опш.Старо Нагоричане). Интервенирале ТППЕ Старо Нагоричане со 4 пожарникари со теренско возило со цистерна, ТППЕ Куманово со 3 пожарникари и 1 ПП возило, ШС Куманово со 4 лица и 5-6 лица од месно население. Во моментов на местото нема оган и пламен, само има дим.