Обвинетиот Бојан Јовановски неколку пати во текот на судењето потенцираше дека жали што неговиот мобилен телефон не е вештачен.
„Ова рочиште ќе влезе во аналита на македонското судство. Јас немав шифри на мојот мобилен телефон, ниту, пак имав бришено нешто од него. Со тоа немав никакви заштити на телефонот, и тоа покажува дека не сум направил кривични дела“, сведочеше Јовановски во судница.
Тој вели дека во телефонот има многу пораки кои ќе дадат ново светло врз случајот „рекет“.
Имало обиди од страна на Кичеец преку Боки да влијае врз Јанева, но Боки му одговорил дека до специјалната обвинителка не може никој да припари.
