Црна Гора и во следните две недели ќе биде на црвената листа на ЕУ како небезбедна земја од страна на членките на Унијата, и нивните граѓани нема да може да патуваат во другите земји.
Советот на ЕУ денеска ја усвои ажурираната листа на која се наоѓа и Македонија, и со која на членките на ЕУ им се препорачува да ги укинат ограничувањата на патувањата. На таа листа од овој регион се Албанија, Србија и Македонија, а исто така се најдоа и САД, Либан и Тајван.
Црна Гора беше една од земјите која долго време добро се справуваше со коронавирусот. Тоа е земјата која последна пријави случај во Европа, а потоа и кога заврши првиот бран, долго време немаше нови случаи, па дури доби и пофалби од Европа. Меѓутоа сликата драстично се смени во третиот бран каде Црна Гора беше една од земјите со најлоша статистика, и затоа доаѓа оваа одлука од ЕУ.
