Лековитоста на чаевите е позната од поодамна, а дали знаете дека тие ќе ви помогнат успешно во борбата против мозолчињата и акните.
Лицето е она кое не презентира, но некои имаат и проблеми со кожата. Тоа пред се зависи од исхраната, односно од внесот на витамини и минерали, кое може да влијае за појава на акни и мозолчиња.
Освен исхраната може да примените и чистење на кожата со чаеви. Внесте ги во вашата секојдневна рутина, макар два пати дневно и ќе видите како лицето ќе ви стане чисто.
Од чаеви кои ќе ви помогнат во борбата со акните и мозолчињата се зелен чај, невен, коприва, кантарион и нане.
