Пакистанските милитанти денеска соопштија дека убиле 50 заложници откако еден ден претходно киднапирале воз со повеќе од 400 патници.
Пакистанските сили објавија претходно денеска дека спасиле 155 патници од воз киднапиран од сепаратистичките борци во југозападниот дел на земјата, а владата соопшти дека е во тек операција за спасување на десетици заложници.
Милитантите разнесоа железничка пруга и отворија оган во возот во вторникот додека патуваше од Квета, главниот град на Балучистан, до Пешавар во провинцијата Хајбер Пахтунхва.
Ослободителната војска на Белуџистан (БЛА), етничка вооружена група, ја презеде одговорноста за нападот и се закани дека ќе започне со егзекуција на заложници доколку нивните политички затвореници, активисти и исчезнати лица, кои наводно биле киднапирани од армијата, не бидат ослободени во рок од 48 часа.
