„Нашата визија за иднината е истата што ја имаат и балканските држави за себе, а тоа е регион кој е целосно интегриран во европскиот систем. Тоа значи членство во ЕУ за сите земји од Западен Балкан, членство во НАТО за сите земји со такви аспирации“.
Ова го посочи заменик помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот Метју Палмер во интервју за ТВ21.
На прашање на модераторот за тоа дали постои временска рамка за ова, Палмер вели дека сакаат да видат напредок што побрзо.
„Но временската рамка најдобро ја контролираат самите држави со брзината со која ќе ги исполнат критериумите за членство во ЕУ. Затоа е многу важно ЕУ да ги исполни своите обврски и да им го отвори патот на Северна Македонија и Албанија колку што е можно порано. Идеално би било во следните неколку месеци“, додава Палмер во интервју за ТВ21.
Целото интервју ќе може да го погледнете во 17:30 часот на ТВ21.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Палмер за ТВ21: ЕУ го поддржува дијалогот помеѓу Белград и Приштина
- Палмер: Во Договорот од Вашингтон има елементи кои силно ја поддржуваат работата на Лајчак и ЕЕАС
