Палмер со порака до лидерите од Западен Балкан – „Коњот треба да биде пред кочијата, работете добро, парите ќе дојдат“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Започна Форумот во Преспа за дијалог, на тема Западен Балкан: Делот кој недостига за целосна Европа.

Панел дискусијата за економија и бизнис, претставникот на Американскиот стејт департмент за Западен Балкан, Метју Палмер ја започна со критики и порака до лидерите на Балканот.

Кога се зборуваше за вклучување на Балканот на Европскиот пазар и инвестициите во земјава, Палмер рече дека парите се вртат во светот додека се најдат држави каде што ќе се инвестираат, а дали ќе дојдат во Западен Балкан, тоа ќе зависи од државните лидери и политиките кои тие ги водат.

Тој дури им порача на лидерите од Западен Балкан да владеат добро, а парите ќе дојдат. Коњот треба да биде пред кочијата, рече Палмер.

„Преземете одговорност за вашата иднина и судбина, преземете дејствија во областите каде можете да имате контрола, доброто и праведно владеење, одговорност и отчетност, парите ќе дојдат, парите вртат во меѓународниот систем барајќи земји каде можат да бидат инвестирани. Се ова зависи од лидерите на Западен Балкан бидејќи тие треба да креираат атрактивна и погодна клима за овие инвестиции со меѓународниот фактор. И кога ќе создадат услови, парите ќе дојдат, коњот треба да биде пред кочијата“, истакна Метју Палмер.

Говор на Форумот во Преспа одржаа и бизнисмените. Еден од нив се пожали на недостиг на инфраструктура во Албанија и Северна Македонија.

„Почнавме да се движиме кон заеднички пазар но тоа е многу тешко кога немаме инфраструктура која ќе го олесни слободното движење на стоките и патниците што е и основен столб за создавање на ЕУ. Инфраструктурата е многу важна за сите нас“, вели бизнисмен.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи на Палмер и бизнисмените им одговори обвинувајќи ги водачите на во 30 последни години за потфрлањето во борбата против корупцијата и лошото менаџирање на државата.

„Сите ние имаме потреба да зборуваме за слабата инфраструктура и има ефект, јасно, ако не сме ја направиле за 30 години, зборуваме за корупцијата бидејќи никој не направил ништо во овие 30 години за корупцијата и очигледно е дека тоа е причина за проблемите. Зборуваме да бидеме отворени, да владее правото, одговорно и да имаме отчетност, тоа е нешто што не се случувало во минатото. Мислам дека денеска треба да го поставиме ова прашање“, посочи Фатмир Битиќи.

Генералната секретарка  на Советот за регионална соработка на Албанија, Мајлинда Брегу, на Форумот во Преспа изјави дек денеска треба да се прослави за бесплатниот роаминг во регионот. Од денеска граѓаните тарифата за роаминг за телефонски повици и смс пораки ќе ја плаќаат по цена како да се дома. Но за да нема недоразбирања, ќе има ограничен интернет.

Форумот ќе трае два дена и неговата суштина  се три столба: Рамковниот договор, Договорот за добрососедство и Преспанскиот договор.