Заменик помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот Метју Палмер во интервју за ТВ21 истакна дека Преспанскиот договор е пример за регионот.
„Преспанскиот договор е пример за регионот. Прво, тој истакнува колку се важни лидерството и политичката храброст. Преку Преспанскиот договор видовме лидерство во Скопје и лидерство во Атина. Беа подготвени да ризикуваат, да дискутираат за тешките проблеми, да го воочат неопходниот компромис, да постигнат компромис и да го одбранат пред својот народ“, посочи Палмер.
Тој додава дека тоа е значајно за Косово и Србија, за разговорите кои се водат во Босна и Херцеговина.
„Лидерството и лидерите се важни и на Балканот и во сите конфликтни ситуации“, порача Палмер.
Целото интервју ќе може да го погледнете во 17:30 часот на ТВ21.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Палмер за ТВ21: ЕУ го поддржува дијалогот помеѓу Белград и Приштина
- Палмер: Во Договорот од Вашингтон има елементи кои силно ја поддржуваат работата на Лајчак и ЕЕАС
- Палмер: Нашата визија за иднината е истата што ја имаат и балканските држави за себе
- Палмер за ТВ21: Северна Македонија стори сѐ што ЕУ побара од неа – „Заслужија да ги отпочнат преговорите“
