Заменик помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот Метју Палмер во интервју за ТВ21 истакна дека Северна Македонија сторила се што било побарано од неа, и со тоа заслужила да ги отпочне преговорите со ЕУ.
„Северна Македонија стори сѐ што побара ЕУ од неа. Заслужија да ги отпочнат преговорите со ЕУ. Заслужија прва меѓувладина конференција. ЕУ мора да најде начин да го овозможи тоа, да го отвори патот и да ја отпочне меѓувладината конференција. Ние очекуваме дека ЕУ ќе го сфати ова сериозно и ќе постапи соодветно“, посочи Палмер.
Целото интервју ќе може да го погледнете во 17:30 часот на ТВ21.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Палмер за ТВ21: ЕУ го поддржува дијалогот помеѓу Белград и Приштина
- Палмер: Во Договорот од Вашингтон има елементи кои силно ја поддржуваат работата на Лајчак и ЕЕАС
- Палмер: Нашата визија за иднината е истата што ја имаат и балканските држави за себе
