Заканите од ученик во основното училиште „Стив Наумов“ во Битолско предизвикаа паника кај учениците и родителите, откако во училиштето беа пронајдени листови со пораки за безбедносни закани. Според родителите, ученикот претходно испраќал закани и навредливи пораки преку социјалните мрежи и надвор од училиштето, додека последната закана содржела и конкретен датум. Случајот е пријавен во полиција и во Центарот за социјална работа, додека ученикот привремено нема да посетува настава лично, туку преку интернет.
Директорот на училиштето, Александар Пискачев, уверува дека безбедноста на учениците и вработените не е загрозена и апелираше до родителите да не шират шпекулации. Од училиштето велат дека ги презеле сите мерки што им се на располагање, додека надлежните институции го истражуваат случајот.
