Папата Франциск помина уште една мирна ноќ во болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ватикан соопшти дека папата Франциск, кој две недели е хоспитализиран поради билатерална пневмонија, поминал уште една мирна ноќ и сега се одмара.

Папата беше примен во болница во Рим на 14 февруари поради бронхитис, потсетува Ројтерс. Во вчерашниот медицински извештај Ватикан наведе дека состојбата на папата продолжува да се подобрува, но дека прогнозата сè уште е неизвесна поради сложената клиничка слика.

Папата во последните две години имаше неколку здравствени проблеми. Поради плеврит, односно воспаление на мембраната што ги опкружува белите дробови, што папата го развил како млад човек и операции на белите дробови, склони кон инфекции.

Билатералната пневмонија е сериозна инфекција која може да предизвика воспаление и лузни и може да го отежне дишењето. Ватикан изјави и дека папата во саботата имал „продолжена респираторна криза слична на астма“, но дека немало повторени симптоми, пренесува Танјуг.