Папата Лав: Немам страв од Трамп и нема да влегувам во дискусија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поглаварот на Ватикан, папата Лав XIV, изјави дека „нема страв од администрацијата на Трамп“ и дека ќе продолжи да зборува откако американскиот претседател ги критикуваше неговите коментари за војната со Иран.

„Нема да влегувам во дискусија. Она што го кажувам не е наменето како напад врз никого“, изјави папата Лав пред новинарите во папскиот авион, за време на патувањето во Алжир.

„Ги повикувам сите луѓе да бараат начини за градење мостови на мир и помирување, да бараат начини за избегнување војна секогаш кога е можно“, додаде тој.

Поглаварот на Римокатоличката црква вети дека ќе „продолжи со она што тој го смета за мисија на Црквата во денешниот свет“.