Партиите ги интензивираат средбите со граѓаните, дождот не ги сопира политичарите да водат кампања

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Остана уште една недела до изборите а политичките партии ја заоструваат кампањата. Ветуваат канализации, улици, училишта и подобар живот за граѓаните. Политичките партии и нивните кандидати секојдневно ги промовираат нивните програми за претстојните избори. До крајот на предизборната кампања преостанува уште една недела, по што на 16 октомври следува предизборниот молк.
Караванот „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ меѓу граѓаните од Маврово Ростуше, Дебар, Вевчани, Струга, а централниот настан во Охрид.

„Целосно го регулираме речното корито на Лепенец. Во должина од 9 километри, од Никиштани, Орман преку Волково, Кисела Јабука, се до Даме Груев, мора да се уреди коритото на Лепенец“., рече Алексндар Наумоски.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „Создади нова иднина“ во Росоман, Градско, во Чашка, и централен настан во Велес. Мицковски од Прилеп вети дека во првиот момент кога партијата ќе го преземе раководството на владата, земјоделските субвенции ќе изнесуваат 5% од државниот буџет.

„Како човек, изразувам жалење и поддршка за луѓето кои што се тутунопроизводители и кои што континуирано се лажени од оваа Влада, и од Љупчо Николовски, и од Зоран Заев. Минатата година беше историски најлошата за нив, голем број трауми и лични искуства слушав и навистина сето тоа, мене како човек, ме погоди. И сочувствувам со сета нивна болка, со сета нивна мака која што тие луѓе во моментот ја чувствуваат и ја живеат“., рече Мицкоски.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши од Боговиње рече дека на 17 октомври ќе се одбележи големата победа и ќе се продолжи со патот на успехот што го трасираше со неговата работата, Албон Џемаили.

„Ова не е време за навредување. Вечерва ја подавам раката на соработка. Дојдете придружете ни се за добри дела или дојдете и натпреварувајте се за добри дела. „Она што го направија Албон, Исен, Таравари, ако можете да ги поминете, уште подобро е за нашите граѓани“, вели Гаши.

„Приоритет во следниот четиригодишен мандат ќе бидат: енергијата, инфраструктура, образование, екологија, здравство, развој на туризмот и многу други различни области, кои се неопходни и корисни за граѓаните“, изјави Рамадани од ДУИ.

Изборните активности од Охрид, Струга, Ресен и Дебарца ќе ги презентира и Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП.