Партиите за куќниот притвор на Груби: „Театар, договор, ќе има политички последици“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројни реакции и од политичките партии за куќниот притвор на Артан Груби.

Од опозициската СДСМ ситуацијата ја оценуваат како театар и однапред договорен план од власта.

„Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е однапред договорено. Затоа обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што СДСМ со месеци јавно зборува“, изјави Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ стравува од тоа што Груби би можел да го открие пред истражните органи во врска со неговата соработка со поранешни функционери.

„СДС, партијата што соработуваше и молчеше кога Груби правеше криминал, се исплаши до коска, затоа што не знаат што сè може да каже Груби. Дали се плашат дека неговата изјава ќе стигне до поранешниот претседател на ЛСД и поранешен премиер на Македонија?“ – изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Од ВЛЕН велат дека Груби го турка Али Ахмети кон политичка егзекуција.

„Враќањето на Груби не е крај на процесот. Тоа е почеток. Почеток на расплет што може да доведе до целосно разоткривање на начинот на кој функционирала ДУИ. Прашањето повеќе не е дали ќе има политички последици, туку колку длабоки ќе бидат тие“, велат од ЗНАМ.

Според Максим Димитриевски од ЗНАМ, сериозна држава не смее да дозволи вакви работи.

„Неприфатливо е лице кое подолг период било во бегство, да се врати во државата и да му се изрече мерка притвор, а по распитот да се врати дома. Сериозна држава не смее да дозволи ваков преседан“, изјави Максим Димитриевски, ЗНАМ.

Со реакција се огласија и од ДУИ. Интегративците ги повикуваат судовите, обвинителството и сите надлежни институции да постапуваат исклучиво врз основа на закон и докази, без да дозволат политичката клима да влијае врз нивната работа.

-Ја сметаме за исправна одлуката на Артан Груби да се појави пред органите на правдата и да ги изнесе своите аргументи во рамки на институционалната постапка. Сепак, тоа има смисла само доколку државата гарантира фер, непристрасен и транспарентен процес, ослободен од партиски влијанија и политички притисоци, изјавија од ДУИ.

Партијата од која доаѓа Груби очекува процесот да се води согласно највисоките стандарди на владеење на правото, со високо ниво на транспарентност, во согласност со јавниот интерес, со целосно почитување на презумпцијата на невиност и со заштита на индивидуалните права и слободи.