Во државата има околу 15-тина семејства на загинати бранители кои досега се необештетени.
Останатите семејства на бранители се обештетени, некои од нив со склучување на спогодби со Министерството за одбрана, други со судска пресуда. Како што рече, има околу 30 воени инвалиди кои до ден денес се необештетени..
Политичката партија Достоинство изработи Предлог закон за измена и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на РМ и на членовите на нивните семејства, односно на Законот за бранители.
Со предлог измената, како што информираше на денешната прес-конференција претседателот на Досотинство, Стојанче Анегелов, ќе побараат дополнување за право на еднократен паричен надомест.
„Предлогот кој што ние го нудиме е еден милион денари по член на семејство на загинат бранител од 2001 година, кој е необештетен или вкупно по околу 50 илјади евра. Воедно, нудиме една формула за обештетување на воените инвалиди по 50 илјади евра за сто процентен воен инвалид и сразмерно на тоа, 5 илјади евра за 10 процентен воен инвалид. Да напоменам дека сите тешки воени инвалиди се обештетени, имаме само 30 полесно ранети воени инвалиди кои се надевам дека најпосле праведно ќе бидат обештетени“, вели Стојанче Ангелов.
