Партијата на Зијадин Села доцна се сети за ветингот во судството, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прашањето за барањето на АА до другите партии за изготвување нов закон за ветинг.
Потпретседателот на АА со против одговор дека барањето на неговата партија за ветинг датира уште од 2013, затоа воопшто не доцнат.
„Такви изјави дека АА задоцнила воопшто не се точни. Северна Македонија доцни како држава, нашите институции доцнат, таквите изјави се само обид за исвртување на мислењето во јавноста и за релативизирање на ставот на АА,вели Ељми Азири од АА.
Миле Лефков од опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека не се случила ниедна од најавените приказни на СДСМ за ветинг. Побара низ овој процес да минат и политичарите.
Лидерот на АА, Зијадин Села вчера најави дека во Собрание ќе достават закон за ветинг во судството. Тој рече дека ова е итна потреба за враќање на довербата кај граѓаните во правниот систем. Реакција во врска со ова имаше и од ДУИ кои прес конференцијата на Села ја нарекоа јавен притисок врз целиот судски систем и вработените во овој сектор.
