Железничка несреќа се случила во близина на српскиот град Краљево денеска нешто пред 14 часот, јавуваат српските медиуми.
Патничкиот воз кој сообраќал на релација Краљево – Рудница, излетал од шините па потоа удрил во карпа.
Повредени немало, но е причинета материјална штета.
На тоа место ова е второ излетување на воз, за нешто помалку од една година.
